Новите правила во Велика Британија ќе стапат на сила на 15 декември.
Патниците кои пристигнуваат во Велика Британија од земји со висок ризик за коронавирус наскоро ќе можат да го намалат периодот на карантин доколку платат за тест по пет дена. Правилата ќе стапат на сила на 15 декември, а тестовите од приватни компании ќе чинат помеѓу 65 и 120 фунти.

Патниците треба да резервираат тест преку список одобрен од владата пред патувањето. Тие ќе треба да пополнат формулар што ќе им овозможи да бидат сместени на англиска територија и да останат во изолација сè додека не се изврши тестот. Доколку не сакаат да полагаат тест, ќе мора да останат во карантин две недели.