Автобусот е во таква состојба што не може да се утврдат податоци од техничкиот уред кој го снима движењето на автобусот – тахографот. Се изгоре.

Ова за Бугарското национално радио го изјави извршниот директор на Извршната агенција „Автомобилска администрација“ Бојко Рановски.

Тој посочи дека според информациите на институцијата со која раководи, од граничниот премин Капитан Андреево до местото на несреќата не се регистрирани прекршувања на сообраќајните правила.

Според податоците од камерите од граничните пунктови и од Агенцијата за патишта, истражните органи можат да извлечат информации кои се неопходни за утврдување на причините за сообраќајната несреќа“, изјави Бојко Рановски.

Инаку, оваа годинава во Бугарија во сообраќајни несреќи загинале околу 500 лица. Ова за БТВ го изјави претседателот на Сојузот на бугарските автомобилисти, Емил Панчев.

Според неговите зборови, можеби причината поради која луѓето не можеле да излезат од автобусот е тоа што заштитната ограда или мантинелата се заглавила во вратата и тааа не можеше да се отвори. Седумте луѓе кои успеаја да излезат низ прозорците се преживеаните, рече Панчев.

За делот од магистралата Струма, каде вчера се случи ужасната трагедија, немало пријави за инциденти. Ова за БТВ го соопшти Иван Табаков од Државната агенција за безбедност на патиштата.

Агенцијата е формирана во 2019 година. Табаков појасни дека по 2019 година има четири сообраќајни несреќи, кои се блиску до местото на вчерашниот трагичен инцидент. Сепак, според него, нема потреба од меѓународна ревизија на автопатот.