Властите во Сингапур планираат да инсталираат нови уреди за спроведување на тестови за здив против Ковид-19 на аеродромот и за време на големи настани, објави Стрејтс тајмс, цитиран од БТА. 

Апаратот Трејси Х покажа 95 отсто точност за време на своите клинички испитувања, што е скоро споредливо со тестовите за урина. Цената на секој тест е само 20 американски долари и конечниот резултат може да се добие за две минути.

Споменатите уреди започнаа да работат во таков режим кој е во фаза на тестирање во Националниот центар за инфективни болести и на аеродромот Чанги, каде се проверуваат патниците што пристигнуваат. Во јуни, уредите ќе бидат ставени во масовно производство.

Во текот на првата фаза, месечно ќе се лансираат околу 200.000 тестови. Целта е бројката да достигне два милиони единици месечно. Како што забележуваат конструкторите, секое издишување ослободува испарливи органски соединенија кои се формираат како резултат на разни биохемиски реакции во човечките клетки. Уредот е во состојба да регистрира промени во хемискиот состав на здивот.