Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп го посочи пензионираниот адмирал на американската морнарица Питер Нефенгер како „врска“ помеѓу Џо Бајден и наводната манипулација со софтверот за електронско гласање на претседателските избори во САД.

Адвокатите на Трамп Руди Џулијани и Сидни Пауел наведуваат дека „Смартматик“, чиј претседател на одборот, пензиониран адмирал Питер Нефенгер, стана член на преодниот тим на Бајден, беше во центарот на наводното местење на изборите на 3 ноември.

Со холдинг компанијата „Смартматик“ претседава Нефенгер, соработник на влијателниот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос.

Џулијани во неделата за Фокс њуз изјави дека „Смартматик“ испорачал софтвер за машините за гласање „Доминион“ кои „се расипале“ и му донеле ( или префрлиле ) 6.000 гласови за Трамп на контото на демократскиот кандидат Бајден во само една рурална област во Мичиген.

Пауел истакна дека Нефенгер е претседател на компанијата „Сматматик” и член на управниот одбор на таа компанија.

Случајно е тој да биде во претседателскиот тим за транзиција на г. Бајден, што нема да постои затоа што имаме намера да ги поништиме изборните резултати во неколку држави, рече Пауел и додаде:

Претседателот Трамп победи со разлика која се брои со стотици илјади гласови, туку со милиони, кои беа “пренесени” од овој софтвер, специјално дизајниран за таа цел, рече таа.

„Имаме сведоштво под заклетва зошто е направен овој софтвер. Направен е за местење избори. Сведокот беше целосно информиран за тоа, тој виде дека тоа се случува во други земји. Тие тоа го правеа намерно, пресметано беше и го правеа и порано. Имаме докази од 2016 година во Калифорнија. Имаме толку многу докази, рече Пауел.

Таа рече дека неколкумина свиркачи се јавиле да кажат дека „значителни суми пари им биле дадени на членови на семејството на владини службеници“ кои го купиле софтверот.

Доминион машините се користеа во 28 земји, вклучително и шест клучни – Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Пенсилванија и Висконсин.

Затоа се прашувам колку ЦИА го користела овој модел за свои цели на различни места, рече Пауел, додавајќи дека е несфатливо што директорката на ЦИА ЏинаХаспел е се упше на таа позиција. тврдејќи дека таа треба веднаш да биде отпуштена.