Гласачките машини кои американскиот претседател Доналд Трамп ги обвинува за бришење на милиони гласови, ги направи канадска компанија од делови од Кина и софтвер направен во Србија, тврди Емералд Робинсон, новинар на „Њузмакс“, репортер која известува од Белата куќа.

Што ако ти кажам дека “Доминион” е канадска компанија која набавува делови од Кина, и софтвер од Србија? Дека нејзините сопственици се приватна компанија во чиј одбор на директори е амбасадорот на Обама во ЕУ? И дека и дадоа пари на фондацијата Клинтон. Дали ќе ми верувате, напиша Робинсон на Твитер.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно објави дека машините за гласање на „Доминион“ избришале 2,7 милиони гласови и му припишале стотици илјади гласови на неговиот противкандидат Џо Бајден.

Како што претходно беше објавено, имало проблеми и во државата Мичиген, бидејќи гласачките машини наводно му ги припишуваа гласовите на Трамп на Бајден.

Правниот тим на Трамп изјави дека поради тоа, гласовите треба рачно да се пребројат во 28 држави кои го користат спорниот софтвер.

Американските медиуми го прогласија Џо Бајден за победник на изборите, додека Трамп тврди дека се случиле бројни неправилности во клучните држави, а тој ќе покрене спор пред судовите.