Новоназначениот американски амбасадор во Германија, Даглас Мек Грегор, ги шокираше западните медиуми тврдејќи дека Соединетите држави убивале православни христијански Срби на Косово со цел да создадат „мафијашка муслиманска држава“ на таа територија!

Мек Грегор го заменува Ричард Гренел како амбасадор во Берлин, а до 2004 година беше офицер во американската армија. Американските медиуми потсетуваат дека како полковник во рамките на американската команда на НАТО, тој бил задолжен за планирање на војната во Косово во 1999 година, за што подоцна, очигледно, се покајал.

Тој е човек кој ужива голема доверба на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој беше дури и кандидат за советник за национална безбедност на САД, откако Трамп го отпушти Џон Болтон.

Во своите изјави во претходните години, Мекгрегор отворено ја критикуваше НАТО бомбардирањето на тогашна СРЈ во 1999 година.

Американците интервенираа против православните христијански Срби на Косово, потоа и дозволија на муслиманската мафија да ја води таа земја, а на крај тоа го нарекоа голем успех за демократијата, рече Мек Грегор во еден од своите настапи.

Поради неговите ставови, тој се соочи со силни напади и критики во водечките западни медиуми, особено Си-Ен-Ен, каде неговите изјави се наречени ксенофобични и расистички. Си-Ен-Ен исто така наведува дека именувањето на Мек Грегор за амбасадор ќе означи „уште една ниска точка во односите меѓу САД и Германија, која се влошила за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп“.

Поради ваквите пораки за војната во Косово, Даглас Мекгрегор сега е мета на германските медиуми, кои го истакнуваат неговото каење за учество во НАТО интервенцијата во 1999 година.

Германците беа незадоволни и од поранешниот американски амбасадор Ричард Гренел, човек од најголема доверба на Доналд Трамп во Берлин, но кога стана јасно кој ќе биде новиот американски амбасадор германските медиуми почнаа да се прашуваат дали нема да жалат по Гренел?

Инаку, идниот американски амбасадор во Германија, Даглас Мек Грегор (73), е ветеран на американската армија, пензиониран во 2004 година. Тој има напишано пет книги и во моментов е извршен потпретседател на консултантска фирма со седиште во Вирџинија за одбрана и надворешна политика. Тој често коментира теми поврзани со националната безбедност на радио и телевизија. Од друга страна, Мек Грегор, како професионален војник, беше еден од планерите на операцијата на НАТО на Косово во 1999 година, поради што Бил Клинтон го одликува со „медал за Косово“.

За разлика од САД и екипата околу Трамп, Германија се спротиставува косовското прашање да се решава со размена на територии, затоа изборот на нов американски амбасадор во Берлин е очигледна порака на Трамп до канцеларката Ангела Меркел!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *