Новата варијанта на вирусот корона, која се појави во Велика Британија, беше откриена и на португалскиот остров Мадеира, соопштија денеска регионалните власти за цивилна заштита.
Властите изјавија дека е откриена нова варијанта кај патниците кои пристигнале во Мадеира од Велика Британија, објави Ројтерс.
Во соопштението не е прецизирано колку луѓе биле заразени.