Зачудувачка и по малку шокантна вест беше топ тема во светот на спортот ноќта помеѓу саботата и неделата.

Украинецот Александар Усик неочекувано го победи Британецот Ентони Џошуа пред 67.000 гледачи во Лондон и освои три шампионски појаси.

Усик е само трет шампион во тешка категорија кој ги освои титули во две категории, а кариерата ја должи најмногу на еден свештеник.

Украинецот, кој има 34 години, е голем православец и пред да влезе во рингот, секогаш се прекрстува и се моли на Бога. Роден е на ист датум со славниот Мухамед Али, само, се разбира, многу години подоцна – на 17 јануари 1987 година.

Како дете, тој тренираше фудбал и играше за второлигашот Таврија. Сепак, во еден момент сфати дека е поталентиран во бокс, а бројките покажуваат дека не згрешил. Тој има победено дури 335 пати во својата аматерска кариера, а има само 15 порази. Најголемата победа секако е онаа на Олимписките игри во Лондон, каде освои злато во тешка категорија, победувајќи го Италијанецот Клементе Рус во финалето.

Во 2013 година, Усик се сврте кон професионалниот бокс. Веќе по 10 борби во 2016 година, тој стана светски шампион во организацијата WBO во лесно-тешка категорија.

Две години подоцна ги обедини титулите во WBAC, WBA и IBF.

Откако доминираше во лесно-тешка категорија, тој се префрли во тешка категорија. Му беа потребни само две борби за да стигне до мечот со Џошуа.

Тој го повтори успехот на Ивандер Холифилд и Дејвид Хеј, станувајќи шампион во две тежински категории.

Во едно од интервјуата, тој зборуваше за својата вера. Животот му го смени со разговор со свештеник.

Ни даде бонбони, децата трчаа околу него. Седнав до него и го прашав каде е Бог, како да му пријдам и како не гледа и слуша. И тогаш ми рече: Се уште си премногу млад, зошто си толку заинтересиран за тоа? Му реков дека наскоро ќе го видам бидејќи го слушнав докторот како разговара со мајка ми, тие и рекоа дека сум многу болен. Тој одговори дека не зависи од мене да одлучам дали сакам да живеам или да умрам, туку дека тоа е Божја волја. Му благодарам секој ден што преживеав.

Интересно е што Усик го победи Џошуа на 12-годишнината од бракот со Катарина. Тој има три деца со неа, синовите Кирил (12), Михаил (8) и ќерката Јелисавета (6).

Усик е многу почитуван и популарен меѓу боксерите бидејќи е многу обичен човек. Дека е така, потврди тој во пресрет на борбата со Ентони Џошуа, кога зборуваше за својот втор син.

Не размислувам премногу за тоа како Џошуа ќе боксува, повеќе сум загрижен за тоа како му е на мојот син во училиште бидејќи штотуку тргна во прво одделение, а не сакаше, рече Усик.

Додека се дружеше со медиумите неколку дена пред натпреварот, на едната нога носеше жолт чорап, а на друга розев чорап на кои имаше ликови на вонземјани.

Отидов во вселената девет пати подготвувајќи се за овој натпревар, објасни Александар Усик.