Кога ќе заврши, хидроцентралата Баихетан ќе биде втора по големина хидроцентрала во светот според инсталираната моќност.

Изградбата на кинеската хидроцентрала Баихетан на реката Јинша, притока на Јангце, е при крај, а неодамна беше инсталирана и втора турбина од 1.000 мегавати.

Кога ќе биде завршена, хидроцентралата ќе има 16 такви турбини, а вкупниот инсталиран капацитет ќе биде дури 16.000 MW.

Ова значи дека таа ќе биде втора по големина хидроцентрала во светот според инсталираната моќност. Пред него ќе биде само хидроцентралата Три клисури која исто така се наоѓа во Кина.

Таа ќе биде чудо на инфраструктурата. Изградбата на втората по големина хидроцентрала е при самиот крај, и сега може да се погледнете како изгледа таа џиновската структура.

Според сегашниот план, првите турбини треба да започнат со работа на 1 јули следната година, а откако проектот ќе биде целосно завршен, се очекува да произведува 62 TWh електрична енергија годишно.