Во Велика Британија беше објавено ново истражување, кое откри дека тестовите за коронавирусот можат да најдат траги од инфекција што поминала пред неколку недели, што резултира со лажно позитивни резултати, кои нереално ја зголемуваат големината и бројката на пандемијата.

Студијата е спроведена од експерти од Универзитетот во Оксфорд, Центарот за медицина базирана на докази и Универзитетот во Западна Англија. Тие откриле дека постои ризик од „лажно позитивни резултати“ поради начинот на кој се спроведувало тестирање на ковид 19.

Научниците откриле дека, и покрај фактот дека луѓето со корона се заразни само околу една недела, еден тест што се користи за откривање на болеста може да даде позитивни резултати неколку недели по закрепнувањето на пациентот.

Истражувањата покажаа дека тестовите можат да го засилат генетскиот материјал на коронавирусот, кој не е одржлив вирус и не може повторно да предизвика инфекција.

Професорот Карл Хенеган, еден од авторите на студијата, рече дека постои ризик наглиот пораст на тестирањата во Велика Британија да го зголеми ризикот од појава на контаминиран примерок, што би можело да објасни зошто се зголемува бројот на случаи заразени со ковид-19, но бројот на починати е статичен.

Постојат сè повеќе докази дека повеќето нови и поблаги случаи, како и луѓе кои се повторно позитивни по карантин или отпуштање од болници не се заразни, туку дека тие едноставно ги отстрануваат безопасните честички на вирусот со кои нивниот имунолошки систем ефикасно се справил, пишува списанието Спектатор.

Професорот Хенеган рече дека се потребни „меѓународни напори“ за да се избегне „опасноста од изолирање на луѓе или цели заедници кои воопшто не се заразни“.


Напишете коментар