Откритие на научниците што предизвика голем интерес во светот.

Според новата студија на Кинг колеџот во Лондон, сезондките настинки го учат имунолошкиот систем да го препознае и Ковид-19.

Научниците конечно ќе можат да објаснат зошто Т-клетките толку добро се сеќаваат и го препознаваат вирусот „корона САРС-Ков-2“, дури и кога за прв пат ќе се сретнат.

Имено, настинките што сите сме имале неколку пати годишно можат да го обучуваат имунолошкиот систем да го препознае САРС-КоВ-2.

Ние претходно напишавме за Т-клетките кои можат да препознаат вируси на корона, па дури и без претходна средба, истото можат да го сторат и со ковидот, кој исто така припаѓа на оваа група на корона вируси. Ова може да биде објаснување зошто некои луѓе имаат поблаги и некои потешки симптоми.

Бидејќи сезонските настинки се всушност вирусни корона што сите сме ги имале многу пати, нашите Т-клетки веќе научиле да ги препознаваат нивните протеини, кои исто така се наоѓаат во САРС-КоВ-2. Вирусот ги користи овие протеини ( шилци )за да го нападне нашиот имунолошки систем и да продолжи да се размножува во него.

Т-клетките беа во можност да го идентификуваат вирусот до неговите специфични молекуларни структури, и токму овој одговор на имунолошкиот систем може да обезбеди различни нивоа на заштита од ковид.

Затоа, силниот одговор на Т-клетките доведува до многу побрз одговор на имунолошкиот систем.

Претходните студии покажаа дека повеќе од 50 отсто од луѓето, кои порано не биле изложени на ковид, имаат Т-клетки кои можат да го препознаат новиот вирус на корона.

Во новата студија, истражувачите анализирале примероци од крв земени многу пред да започне епидемијата на вирусот корона да се шири низ Кина во декември минатата година. Така, тие откриле дека овие примероци на крв содржат Т-клетки кои реагирале на повеќе од 100 места во телото во кое навлегле САРС-КоВ-2.

Т-клетките реагирале слично и на 4 други видови на коронавирус.

Затоа повеќето кандидати за вакцини се обидуваат да ги таргетира токму овие протеини во вирусот.


Напишете коментар