Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште признание од ИХФ за својот квалитет, откако најдобрата македонска судиска двојка е номинирана да биде дел од претстојното Светското ракометно првенство во Египет.

За Начевски и Николов ова ќе биде шести ракометен Мундијал по ред на кој ќе ја делат правдата, откако за прв се појавија на светската сцена во Шведска во 2011 година.

Македонската двојка го судеше финалето на последното Европско првенство, а двајцата судеа и финале на младинското Светско првенство

извор : дриблинг.мк