Терористите планираат да организираат напад врз две села во Идлиб, со цел да ја обвинат сириската армија за употреба на хемиско оружје, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, контраадмирал Александар Гринкевич.

Според Гринкевич, Центарот добил информација дека терористичката група Хајат Тахрир ел Шам подготвува „провокации со употреба на отровни материи во јужниот дел на зоната за деескалација во Идлиб“.

Во наредните денови, терористите планираат да организираат напади во населбите Ерих и Бесамес во провинцијата Идлиб, со цел да ги обвинат сириските владини сили за употреба на хемиско оружје против цивилите, вели тој.

Според достапните информации, активисти на псевдохуманитарната организација Бели шлемови се директно вклучени во подготовката на планираните места за провокација, вклучително и подготовки за видео снимање, се вели во соопштението на Центарот.

Исто така, се посочува дека Рускиот центар за помирување ги повикува командантите на илегалните вооружени групи „да се откажат од вооружената провокација и да започнат мирно решавање на ситуацијата во областите под нивна контрола“.

Организацијата „Бели шлемови“ крие грабежи и директно соучесништво во тероризмот зад фасадата на хуманитарниот бренд, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Западните спонзори сè уште не се откажаа од поддршката за Белите шлемови и структурите поврзани со оваа организација. Од наша страна, постојано укажувавме дека зад демонстративната фасада на хуманитарниот бренд стојат вистински грабежи, рекетирање, кражби, намерни дезинформации, приредување хемиски напади, воздушни и артилериски напади и едноставно директно соучесништво со тероризам, рече Захарова на редовниот брифинг.