Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу.

– По денешното примопредавање на должноста, согласно постоечките законски одредби, Нухиу ќе раководи со министерството до изборот на нова Влада, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи – соопштија од МВР.

Нухиу досега беше заменик министер во МВР. Претходно, од 29 декември 2016 до 1 јуни 2017 година тој беше министер за внатрешни работи.


Напишете коментар