Вистината е таму, но нема да ја слушнете од Барак Обама. Поранешниот претседател на САД рече дека ја испрашувал владата дали постојат вонземјани и НЛО додека бил на таа функција. Но, тој не сака да зборува за тоа што му било кажано.

Оваа недела Обама зборуваше во интервју во емисијата „Лејт шоу“ со Стивен Колберт за доверливите информации што ги добил за време на престојот во Белата куќа. Обама потврди дека прашал за вонземјаните, но беше воздржан од за тоа што го знае, пренесува РТ.

„Секако дека тоа го прашав“, откри Обама кога Колберт спомна НЛО. „И?!“, инсистираше новинарот. „Не можам да ви кажам“, одговори Обама, благо насмевнувајќи се: “Извинете” !

Воздржувањето на Обама Колберт го толкуваше како премолчена потврда дека не сме сами во универзумот. „Добро, ќе го сфатам тоа како„ да ““, рече тој. „Затоа што ако не беа, ќе речеше дека не беа. Мислев дека играте покер. Само што сега сто отсто ја покажавте последната карта!

Поранешниот претседател одлучи да не го одвраќа Колберт од овој драматичен заклучок. „Слободно размислете така“, рече тој.

Обама не е единствениот поранешен претседател на САД што зборуваше на тема вонземјани во ток-шоу. На почетокот на оваа година, Бил Клинтон му порача на Џими Кемел дека нема да биде „изненаден“ ако има вонземјани.

Клинтон исто така негираше дека американската влада ги чувала вонземјаните во озлогласената воздушна база Ареа 51 во Невада. „Прво испратив луѓе да ги погледнат извештаите за областа 51, за да се осигурат дека таму нема вонземјани. Немаше вонземјани“, рече тој.