Сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел, изјавила дека страда од блага депресија, а за тоа, меѓу другото, го обвини и сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Се соочувам и се борам со поблаг степен на депресија. Не само заради вирусот корона, туку и заради расните конфликти, лошиот однос кон црните луѓе, туку и заради државната администрација. „Секој ден го гледам тоа лицемерие што ме деморализира, ме исцрпува и ме прави депресивна, рече Обама која исто така објасни како се бори против проблемот, пренесува Њујорк пост.

Весникот потсетува дека поранешната прва дама на САД и нејзиниот сопруг Барак Обама сè уште живеат во Вашингтон, на три километри од Белата куќа и дека ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп, живее во нивна непосредна близина.

Обама рече дека во борбата против депресијата се обидува да работи, затоа што тоа и помага да се чувствува подобро, како и да вежба, но дека имало денови за време на мерките за изолација спроведени заради вирусот корона, кога не можела да го стори тоа и кога се расположението и паѓало.

Таа додаде дека поминува низ подеми и падови што ги чувствува целиот свет, дека има моменти кога таа „не се препознава себеси“ и дека не може да спие, меѓу другото, заради односот на делови од државата кон црните луѓе.


Напишете коментар