Обидот за убиство на лидерот на кавачкиот клан Радоја Звицер во Киев Украина го снимиле безбедносните камери во близина на местото на кое напаѓачите поставиле заседа.

Маскираните напаѓачи излегле од автомобил смарт се криеле меѓу паркираните коли пред да започнат да пукаат во Звицер кој џогирал по патека со маска на лицето и ракавици.

Звицер ги забележал напаѓачите се започнал да бега, меѓутоа напаѓачот облечен во бел комбинезон започнал да пука по него.

Според неофицијални информации, убијците испукале седум куршуми, пет од нив завршиле во телото на Звицер.

Напаѓачите потоа се вратиле во автомобилот смарт, по само неколку стотина метри смартот е запален и напаѓачите се префрлиле во друг автомобил.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *