Софтверот за броење гласови „Доминион“ ми избриша 2,7 милиони гласови што ги освоив на претседателските избори, тврди Доналд Трамп.

Трамп тоа го изјави во објавата на Твитер во која напиша дека тоа се освоени гласови во цела Америка.

Тој додаде дека само во Пенсилванија 221.000 од неговите гласови биле пренесени на демократскиот кандидат Џо Бајден.  Тој исто така напиша дека 941.000 од неговите гласови биле избришани.

Според него, во државите каде се користи системот „Доминион“, 435 000 негови гласови му биле припишани на Бајден.

Некои американски медиуми веќе го прогласија Џо Бајден за победник на претседателските избори, но Трамп го оспорува тоа заради изборни нерегуларности.