Henley Passport Index како и секоја година, го објави најновиот извештај и рангирање на државните пасоши за 2021 година. Опфатени се 110 земји, а пасошот на Македонија е на 45-то место.

Земјите ширум светот влегуваат во нови блокади поради моменталната пандемија со цел да спречат ширење на коронавирус, а кога ќе бидат укинати ограничувањата, веројатно е неопходна вакцинација пред патувањето, пишува Си-Ен-Ен.

Жителите на азиските земји сè уште ги имаат најмоќните патни исправи.

Индексот не ги зема предвид привремените ограничувања, па затоа Јапонија е повторно на врвот на листата, нудејќи безвизен пристап до 191 дестинација низ целиот свет.

Сингапур е на второто место (со резултат 190), а Јужна Кореја го дели третото место со Германија (со резултат 189).

Малку понатаму е Нов Зеланд, на седмата позиција со безвизен пристап за 185 дестинации, додека Австралија е на осмото место, со пристап до 184 дестинации.

На седмото место се САД и Велика Британија, каде што, од друга страна, бројот на случаи на коронавирусна инфекција нагло расте. Така, како што се наведува, носителите на американски пасоши во моментов можат да патуваат на помалку од 75 дестинации, додека имателите на британски пасоши имаат пристап до помалку од 70 дестинации.

Од земјите на поранешна Југославија, најдобро рангирана е Словенија, која е на 12-то место.

Црна Гора и Македонија се наоѓаат на 45-то место, Србија на 38-то место, заедно со Хондурас и Салвадор, Хрватска на 18-то место, кое го дели со Бугарија. Босна и Херцеговина е на 49-то место.

Најдобри пасоши во 2021 година:

  1. Јапонија (191 дестинација)
  2. Сингапур (190)
  3. Јужна Кореја, Германија (189)
  4. Италија, Финска, Шпанија, Луксембург (188)
  5. Данска, Австрија (187)
  6. Шведска, Франција, Португалија, Холандија, Ирска (186)
  7. Швајцарија, САД, Велика Британија, Норвешка, Белгија, Нов Зеланд (185)
  8. Грција, Малта, Чешка, Австралија (184)
  9. Канада (183)
  10. Унгарија (181)