Четириесет и пет македонски државјани загинаа, а седуммина се повредени и се во болница, во сообраќајката на автопатот Струма, каде изгоре целосно патничкиот автобус, кај селото Бошнек. 

Автобусот влегол во соседна Бугарија а претходно се враќал од Турција каде што загинатите биле на екскурзија со својте семејства. Како што е познато, малку по полноќ застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Околу еден час подоцна засега од непознати причини, возилото излетало од автопатот и изгорело целосно. 

Едната од верзиите е дека автобусот удрил во заштитната ограда. Оваа верзија не може со сигурност да се потврди, бидејќи не се знае дали прво возилото излетало, а потоа се запалило или прво започнал пожарот во возилото па настанал ударот.

Бугарските медиумии објавија нови фотографии од трагичниот настан кој што предизвика енормна тага во нашата држава, тие се снимени од птичија преспектива.