Фотографијата на членовите на полициската работна група Мангуста, собрана и формирана од Дијана Хркаловиќ, додека беше државен секретар во српското МВР, беше објавена во српските медиуми како ударна вест

Мангуста е формирана за да ги следи членовите на двата најмоќни мафијашки кланови во Србија во тоа време – Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, пишува Блиц. По препорака на Дејан Миленковиќ Багзи, тогашен началник на Службата за специјални истражни методи (ССИМ) на Дирекцијата за криминалистичка полиција, Цока Дамјановиќ беше донесен од градската полиција како главен оперативец на групата.

Извор на Блиц тврди дека со Мангоста управувале Дијана Хркаловиќ, Багзи Миленковиќ, Цока Дамјановиќ и Никола Беговиќ, раководител на одделот во Службата за специјални методи на истрага. Додека тие номинално го организираа следењето на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, во тоа време беа убиени најмалку четири лица кои беа исклучиво поврзани со Шкаљарскиот клан.

Полицијата го следи човекот и не гледа дека некој му пришол и го убил, не снимале, не сликале. Како е можно тоа да се случи?! Ако се случило еднаш, ајде тоа е можно, но ако тоа се случи два или повеќе пати, не можам да поверувам, рече српскиот претседател Александар Вучиќ оваа лето.

Така, во 2018 година, тројца членови на Шкаљарскиот клан беа убиени – Владимир Поповиќ Поп, Драгослав Милорадовиќ и Синиша Милиќ – и адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ, кој бранеше луѓе блиски до тој клан. Сите тие беа убиени додека формално беа под полициски мерки, што во превод значи дека некој ги пуштил убијците слободно да си ја вршат својата работа.

Изворот на Блиц додава дека разумно е да се верува дека група најблиски соработници на Дијана Хркаловиќ во српското МВР ја користеле работната група Мангуста за да го организираат прислушувањето на претседателот Вучиќ. Сите информации од мерките, од придружбата и сите снимки отидоа директно до Дијана Хркаловиќ преку Багзи Миленковиќ.

Жена чиј идентитет, како што дознава Блиц, им е познат на истражните органи, била задолжена во групата Мангуста да го слуша Вучиќ. Нејзината работа беше и да прави транскриптите од разговорите на Вучиќ. Тие потоа завршуваа на бирото на Дијана Хркаловиќ преку Багзи Миленковиќ.