Заменик-обвинителот во Специјалното обвинителство во Хаг, Кваи Хонг Ип, поднесе оставка по скандалот со досиејата што беа испратени до канцеларијата на ветерани на ОВК.

Според приштинскиот Газета експрес, тој поднел оставка затоа што неколку илјади досиеја, во кои имало имиња на сведоци и нивни искази, стигнале до Организацијата на ветерани на ОВК.

Како што се наведува, Ип во еден временски период бил прв човек или специјален обвинител, по заминувањето на Давид Швендиман, и ги испрашувал членовите на ОВК кои беа повикани во Хаг како осомничени.

Организацијата на ветерани на ОВК, која се противи на постоењето на Специјалниот суд, вели дека досиејата што пристигнале во нивната канцеларија ги содржат оригиналните документи на Трибуналот.

Ип е британски адвокат со долго искуство како меѓународен обвинител за Западен Балкан. Работел како заменик на Швендиман, како специјален обвинител и како главен обвинител на Работната група за специјални истраги и шеф на Специјалното обвинителство.


One thought on “Обвинителот кој ги испрашувал командантите на УЧК си поднел оставка: Дали УЧК ќе го урне Судот во Хаг!?”
  1. […] Заменик-обвинителот во Специјалното обвинителство во Хаг, Кваи Хонг Ип, поднесе оставка по скандалот со досиејата што беа испратени до канцеларијата на ветерани на ОВК, објави vocentar.com.  […]

Comments are closed.