Поради постојаното зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, црногорското Национално координативно тело донесе одлука да се прогласи епидемија во неколку општини на северот на Црна Гора.

Епидемијата е прогласена на територијата на општините Бијело Поље, Беране, Петњица, Рожаје и Гусиње, пренесува подгоричкиот портал ЦДМ.

Исто така, се препорачува да се носат заштитни маски на отворено кога не е можно да се одржи физичко растојание.

Постојаното зголемување на бројот на новооткриени случаи на коронавирусна инфекција низ целата земја, со особено загрозен северен и централен регион и фактот дека сè поголем број на пациенти не успеваат со сигурност да го идентификуваат изворот на инфекција укажува на широко распространета локална трансмисија на вирусот во одредени области. НКТ ја даде својата согласност до Министерството за здравство да прогласи епидемија на заразни болести на територијата на тие општини – објави НКТ.

НКТ објави дека забавните и музичките програми, како што се концерти, изведби во живо, музичари и групи, изведби на диџеј-изведувачи и слично, се забранети на целата државна територија во угостителските објекти.

Во јужниот регион, односно во сите крајбрежни општини, ограничувањето за работа на угостителските објекти до 24 часа, донесено вчера, останува на сила – објави НКТ. Како што се наведува, се препорачува да се носат заштитни маски на отворен простор во тие ситуации и места кога не е можно да се одржи физичко растојание.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *