Свежиот воздух и погледот кон море не може ништо да го замени, па замислете како е кога пациент со ковид-19 по 2 месеца на интензивна нега, ќе биде однесен на плажа.

Hospital del Mar е болница во Барселона каде се третираат пациенти со коона вирус, а оние кои закрепнуваат добро ги носат преку улица до плажа за да уживаат во глетката кон море.
Исидре Кореа бил на интензивна нега од 14 април и дури денес бил префрлен. Пред да го продолжи лекувањето во болницата, тој бил прошетан до плажа во болнички кревет каде имал можност да ужива во мирисот на море.




