ТИРАНА – Во првите 10 месеци од годинава во Албанија беа запрени 11.709 илегални мигранти да ја преминат границата , што е за 3.069 повеќе отколку во истиот период минатата година, соопшти албанското Министерство за внатрешни работи.


Сите мигранти се обиделе илегално да преминат преку Албанија на територијата на Косово и Црна Гора, и понатаму кон западноевропските земји, пренесува Albania Daily News.