Жолтата куќа постои и пред НАТО интервенцијата на СР Југославија, односно доаѓањето на НАТО силите на Косово. Ова во интервјуто за емисијата Во Центар го кажува адвокатот Горан Петронијевиќ кои во своето работење застапува многу лица на кои им се губи трагата за време на воените дејства во Косово во периодот од 1998/99 година.

Според Петронијевиќ формирањето на жолтата куќа, а такви куќи има повеќе на територијата на Косово, но и на Албанија вели тој, се случува во периодот пред 1998/99 година. Тоа вели тој беше добро разработен модел и парите од таа трговија беа користени за купување оружје со кое се опремуваше војската на УЧК.

Богатите луѓе од светот за едно здраво срце или здрав црн џигер плаќаа и по десет милиони долари, вели тој.

Како што објаснува Петронијевиќ, можат вас Американците и Германците да ве сакаат најмногу на целиот свет но ако немате пари тие нема да ви дадат или поклонат оружје. Затоа, вели тој, беше измислен целиот тој систем на трговија со човечки органи и првите пари за вооружување и функционирање на УЧК се обезбедуваат од тие извори.

За да ги скријат трагите, објаснува Петронијевиќ, припадниците на УЧК во регионот на Северна Албанија, веднаш до тренинг камповите каде што се тренираат припадниците на УЧК, имаат отворени и кампови за измачување на заробеници и за трговија со човечки органи.

За тоа прв пат проговорува Карла Дел Понте, но дури откако ја напушти челната фунција во Хашкиот Трибунал. Но врз база на тие индиции, а потоа и врз извештајот на Дик Марти, е формирано Специјалното обвиниутелство за Косово во Хаг.

Некои тренинг кампови се отворени и 1997 година, вели Петронијевиќ, а во тој период таму може да се пронајде и името Абаз Џука а истрагата ќе треба да открие дали зад тоа име се крие Али Ахмети или некој друг, вели тој.

Интервјуто со Горан Петронијевиќ ќе може да го гледате во недела во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.