Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, оваа година поради епидемијата ќе бидат одбележани без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19, утврдени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата.

Според агендата, претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во
Меморијалниот центар во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Kамен во Крушево и претседателот на Владата Оливер Спасовски на свеченоста во Скопје. Како дел од официјалната програма и годинава се вклучени содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.


Напишете коментар