Гордан Лауц, професор по молекуларна биологија на Универзитетот во Загреб и визитинг професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимир, објави истражување кое објаснува многу работи за корона вирусот. Најважната вест е дека вирусот не се шири така брзо како што се претпоставуваше!

Една многу невообичаена карактеристика на вирусот САРС-КоВ-2 е што не предизвикува скоро никакви симптоми кај некои луѓе, додека кај други предизвикува тешка болест која често може да биде фатална. Овие асимптоматски случаи значително придонеле за ширење на вирусот, а во исто време ги збунија научници кои не можеле да разберат како вирусот се шири толку брзо и скока од личност до личност на нејасни начини, пишува Лауц.

Денес беше објавен значаен научен труд кој треба да затвори едно од овие непознати поглавја. Резултатите од тие истражувања се следните:

Најмалку 40 отсто ( па дури и над 80 отсто во некои случаи) на луѓе заразени со вирусот САРС-КоВ-2 (т.е. позитивни на тест за ПЦР) нема да развијат никакви, или скоро никакви, симптоми. Овие луѓе нема ни да знаат дека се заразени и ќе можат да го пренесат вирусот на други, објаснува Лауц.

Спред професорот Лауц, со ова се објаснува зошто на почетокот ни се чинеше дека вирусот се шири многу брзо. Не се рашири толку брзо, но тестиравме сè повеќе луѓе и откривме повеќе позитивни случаи што биле заразени порано, само никој не го знаел тоа.

Добрата страна на оваа истражување е што ние сега знаеме дека огромното мнозинство на луѓе кои се заразуваат ќе ја надминат болеста без поголеми проблеми.

Недостаток е дека ако ( кога ) вирусот се врати во Европа, ќе биде многу тешко да се бориме против епидемијата со насочено тестирање и изолирање на контакти на заразени лица. На тој начин ќе можеме да најдеме најмногу половина од потенцијалните вектори на болеста. Всушност, единствено што ќе останеме ќе биде т.н. „јапонски“ модел во кој сите ќе мора да се обидеме да бидеме што е можно поодговорни и да се обидеме да не го шириме вирусот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *