Денес почина француски конзервативен политичар и милијардер.

Дасо (69) беше најстариот син на францускиот милијардер и индустријалец Серж Дасо, чија компанија ги произведува воени авиони Рафале и е сопственик на парискиот весник Фигаро, објави Ројтерс.

Оливие Дасо ја сакаше Франција. Беше Лидер на индустријата, пратеник, локален избран функционер, командант на резервната авијација: за време на неговиот живот, тој никогаш не престана да и служи на нашата земја, ценејќи го нејзиниот имот – напиша Макрон на Твитер.

Според полициски извори, приватниот хеликоптер се урнал попладнево во Нормандија, каде Дасо има куќа, а пилотот загинал во несреќата, додава Ројтерс.

Британската агенција додава дека Дасо, заедно со неговата сестра и двајцата браќа, се наоѓал на 361-то место на листата на најбогати луѓе во светот, како и дека нивното богатство се проценува на околу шест милијарди евра.