Од пристигнатите податоци од 2.326 избирачки места (од вкупно 3.480) излезноста до 9 часот била 5,19 %, соопшти ДИК. Со право на глас во Избирачкиот список се заведени 1.814.263 граѓани.

Во Изборната едница 1 одзивот до 9 часот бил 6,58 %, при што највисок бил во општината Аеродром (10,13%), а најнизок во Студеничани (1,81%).

Во ИЕ 2 излезноста била 4,58 %, при што највисока во Општината Ѓорче Петров (8,05%) а најниска во Липково (0,93). Во ИЕ 3 одзивот до 9 часот бил 6,1 %  во ИЕ 5 изнесувал 5,22%, а во ИЕ 6 само 2, 59 %.

Од ДИК дадоа податоци и за излезноста во изминатите два дена кога гласаа посебни категории на граѓани. Во понеделникот вкупно 723 граѓани го оствариле правото на глас како гласачи позитивни на Ковид-19 или во самоизолација. Вчера, на гласачите места во 13 казнено- поправни установи од 1.657 гласачи со право за глас, гласале 1.272, односно 76,76 отсто. Ниту еден гласач не излегол на гласање во единствениот центар за раселени лица. Од вкупно 8.852 гласачи кои се пријавиле како болни и немоќни лица гласале вкупно 8.325 гласачи, односно 94,04 отсто. Според ДИК изборниот процес на сите гласачки места тече без проблеми.


Напишете коментар