„Ние, се разбира, како што повтори претседателот Владимир Путин, цврсто ќе ја поддржиме Србија во чекорите што смета дека е потребно да ги преземе во рамките на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, и ќе ги поддржиме сите договори постигнати доброволно меѓу Белград и Приштина“, рече Лавров на прес-конференција.

Тој укажа на неопходноста од реализација на веќе постигнатите договори и потсети дека во 2013 година, со посредство на ЕУ, беше постигнат договор меѓу Белград и Приштина за создавање на Унија на српски општини.

„Европската унија беше многу горда на ова достигнување во тоа време, ние исто така го поздравивме, во суштина, тоа беше важен чекор“, рече Лавров.

Тој посочи дека поминаа седум години и дека ништо не е сторено во тој поглед, и дека Москва нè потсетува на тоа.

„Се надеваме дека нашите колеги од Европската унија нема да заборават дека преку нивно посредување беше постигнато нешто што властите во Приштина целосно го игнорираат“, истакна Лавров.