Државната изборна комисија предмалку ги објави официјалните резултати на вчерашните предвремени поарламентарни избори. Според изјавата на Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, и по бројот на освоените гласови и по бројот на освоените мандати коалицијата Можеме предводена од СДСМ победи на вчерашните избори.

Според резултатите, коалицијата Можеме предводена од СДСМ освои 327.329 гласови или 46 мандати, а коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 315.344 или 44 мандати.

По изборни единици, коалицијата Можеме победи во првата, четвртата и петтата изборна едница, ВМРО ДПМНЕ во втората и третата изборна едница, а во шестата изборна единица победи партијата ДУИ.

На изборите гласале 942.334 гласачи а од тоа 31.466 се неважечки гласови.

Во мандати изразено, Коалицијата Можеме предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ 44 мандати, ДУИ 15 мандати, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива 12 мандати, Левица два мандати и партијата ДПА еден мандат.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *