Гувернерот на Висконсин Тони Еверс ја потврди изборната победа на кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден во таа земја, пренесува Ројтерс.

„Денес ја извршив мојата должност и ги потврдив изборите за претседател на Соединетите држави што се одржаа на 3 ноември. Во согласност со законот на државата Висконсин и федералниот закон, го потпишав сертификатот и потврдив дека Џо Бајден победи на изборите за претседател на САД во Висконсин – се наведува, меѓу другото, во официјалната изјава на гувернерот Тони Еверс.“

Висконсин е една од државите во која сегашниот претседател Доналд Трамп ја оспори победата на Бајден и побара пребројување на гласовите.