Само четири дена по нејзината регистрација, Русија ја произведе првата серија вакцини против ковид 19, Спутник V, која ја разви центарот „Гамалеј“,

Тоа пред малку го соопшти руското Министерство за здравство.

Како што се наведува во соопштението, вакцинацијата треба да се спроведе во две фази – во интервал од три недели, по што човечкото тело ќе развие имунитет на вирусот корона, кој ќе трае до две години.

Како што претходно најави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, вакцината се произведува во Русија на две места – во центарот „Гамалеј“ и во компанијата „Бинофарм“.

Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата коронавирусна инфекција ковид 19, која ја изработи научниот институт „Гамалеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Во таа прилика, претседателот на Русија, Владимир Путин, зборуваше и истакна дека вакцината ги поминала сите потребни тестови, како и дека формирала стабилен имунитет.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *