Министерството за одбрана на САД официјално ја извести Анкара дека ја отстранува Турција од програмата за американски ловци Ф-35, јавува Анадоли агенција.

Оваа информација му била кажана на дописникот на агенцијата од одговорен претставник на Пентагон, додава БТА.

Изворот рече дека претходно беше поништен заедничкиот меморандум за учество во програмата, кој Турција го потпиша во 2007 година. На негово место беше подготвен нов меморандум, но Турција не беше меѓу осумте учесници.

Не е прецизирано во каква форма била известена Анкара за нејзино отстранување од програмата Ф-35.

Програмата Ф-35 првично вклучуваше девет земји учеснички – покрај Турција, САД, Велика Британија, Италија, Холандија, Австралија, Данска, Канада и Норвешка.

Турција планираше да купи 100 авиони Ф-35.

Во 2018 година беа обезбедено четири ловци од петта генерација, но авионите останаа во САД, каде беа испратени турски пилоти да се обучуваат.

Потоа уште два авиони Ф-35 и беа предадени на Турција.

Поради кризата меѓу Анкара и Вашингтон поради набавката на турските системи за противвоздушна одбрана С-400 од Турција, пренесувањето на овие 6 авиони во Турција никогаш не се случило.