Еден час паркирање во “премиум“ зоната во Охрид чини 100 денари, а за ист тајминг во зоната А паркингот се наплаќа 40 денари а во зоната Б чини 30 денари. Новата летна тарифа важи од први овој месец, информираа од Јавното претпријатие Билјанини Извори. Оттаму ги известија граѓаните, институциите и другите корисници на градскиот паркинг простор со кој стопанисува дека летните цени за паркирање во Охрид ќе важат до 1 септември. Плаќањето паркинг може да се изврши преку СМС порака или пак со гребна карта. За неплатена сметка следи казна од 1.000 денари.

-Започнува со примена на зонското паркирање како што е регулирано во одлуката на Советот на град Охрид. Сите граѓани на Охрид, гости, посетители ги известување дека од понеделник ЈП Билјанини Извори ќе врши наплата на паркирањето од 7.30 до 03 часот секој ден од неделата. Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644. Ги замолуваме сите наши корисници да го следат упатството поставено на инфо таблите на сите улици на кои ние вршиме наплата согласно СМС системот и строго да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата. Доколку имате нејаснотии или ви е потребна консултација ги упатуваме сите наши корисници да се обратат кај нашите контролори или на следниот телефонски број 078 298 – 359, се вели во соопштението од ЈП Билјанини Извори.


Напишете коментар