Шведските медиуми објавија дека компаниите што ги водат радикални исламисти во таа земја, склучувајќи деловни договори со локалните власти и државата, добиле повеќе од една милијарда круни, што е околу 140 милиони долари.

Новинската агенција Сирен истражувајќи ги економските врски меѓу исламистите и шведската држава, дошла до заклучок дека повеќе од 550 луѓе во таа земја се поврзани со исламски екстремисти, вклучително и оние кои биле членови на Исламската држава (познати и како ДАЕШ) и ел-Шабаб, кои се забранети во многу земји.

Меѓу нив, како што објави шведскиот „Афтонбладет“, има и салафисти кои се залагаат за воведување на шеријатскиот закон.

Според агенцијата Сирен, околу 50 компании и организации кои располагаат или управуваат со капиталот на исламските екстремисти, работеле деловно со шведската држава или општините.

На таа листа, меѓу другите, има компании кои се занимаваат со преселби, како и училишта управувани од радикални исламисти.

Од 2015 до 2019 година, според пресметките на шведската новинска агенција, нивните деловни трансакции достигнале бројка од 1,2 милијарди круни.

Најпрофитабилните зделки, како што се наведува, биле склучени меѓу општините и училиштата, како и организацијата „Единт“, која се занимава со образование, а која е поврзана со Фондацијата „Ел-Азар“. Според Афтонбладет, таа фондација е активна во околу 30 општини, претежно во областа Стокхолм.

Магнус Рансторп, еден од водечките експерти за тероризам и висок истражувач на шведскиот Колеџ за национална одбрана, ги критикуваше властите што не успеале да ги следат тековите на тие пари, изјавувајќи дека шведската разузнавачка служба претходно предупредувала за тоа.

Рансторп истакна дека оние што се занимаваат со финансиски криминал имаат „голем профит, со низок ризик“, истакнувајќи дека училиштата биле особено „мета“ на радикалните исламисти.

Шведска е на врвот на европските земји во однос на бројот на џихадисти по глава на жител, бидејќи 300 исламски екстремисти дојдоа во земјата.


Напишете коментар