На Жан-Лук Меленшон, левичарски француски политичар и веројатен кандидат на претстојните претседателски избори, му беше фрлено брашно во лицето за време на протестите во Париз.

Додека одговараше на прашања на новинарите за време на Маршот за слобода, анти-десничарски митинг кој беше одржан во другите француски градови, еден напаѓач му пријде и му фрли брашно во лицето, пренесе Блиц.

Демонстрантите го опишаа напаѓачот како фашист и екстремист, на што тој одговори дека е тој левичар, а дека оние што биле нападнати се всушност фашисти.

Никој не беше уапсен поради овој инцидент, а самиот Меленшон посочи „дека ова мора да престане“, осврнувајќи се на се почестите напади врз политичарите.

Да потсетиме, два дена предходно, претседарелот Емануал Макрон доби шлаканица на митинг од страна на човек кој потоа веднаш беше уапсен и му беше изречена четири месечна затворска казна.