Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан ја прими третата доза вакцина против корона вирусот, но овој пат од производителот Модерна за дополнително зајакнување на имунитетот.

Орбан ја прими третата доза на вакцина од производителот Модерна како бустер доза против вирусот, објави неговиот гласноговорник, Берталан Хаваси за МТИ.

Премиерот на својата фејзбук страна објави видео во кое се гледа како тој ја прима третата доза и ги прашува медицинските работници дали тој би имал некои нус-последици од вакцинацијата бидејќи имал планови за деновите кои престојат.

Тие му препорачаа дека може да чуствува мала болка на местото на убодот со вакцината и да чуствува умор, но би можел слободно да присуствува на сите настани.