Пандемијата со Ковид-19 предизвика нови човечки потреби, па дури и нов тренд на пазарот на недвижности: оние кои се во можност – купуваат цели острови каде можат да се изолираат од остатокот од светот.

Според „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на тврдењата на агенциите за недвижнини, богатите клиенти сè повеќе се одлучуваат за острови на Карибите, Јужен Пацифик и Европа.

На пример, островот Маи во државата Фиџи, се продава за нешто повеќе од 4 милиони долари, а на него ќе најдете тивки, изолирани плажи, корални гребени и 13 хектари земја – покриени со тропско зеленило.

Ако мислевте дека богатите бараат само острови со многу сончеви денови и блага клима – не сте во право. Неодамна беше купен островот Horse кој се наоѓа во Ирска. За него издвоени околу 6 милиони евра.

На островот има тениско игралиште, прекрасна вила и шест куќи за гости, а аеродромот е близу, па Horse е лесно достапен за оние кои доаѓаат со приватни авиони.

Фархад Влади, германски претприемач кој во текот на својата кариера продаде повеќе од 3.000 острови, посочува дека неговата агенција неодамна продала неколку поевтини, помали острови во Скандинавија и Канада, исто така на купувачи кои ги гледале само фотографиите.

На пример, неговата агенција нуди мал остров крај брегот на Финска, за помалку од 100.000 евра. Од друга страна, за 444 хектари остров среде Јонското Море, во Грција, купувачот мора да издвои 45 милиони евра. Агентите за недвижнини исто така велат дека е сосема логично купувачите да изберат места на коишто помалку зафатени со Ковид-19.

Тоа се Нов Зеланд, Австралија и Јужно-пацифичките острови. На пример, островот Pumpkin се продава за 25 милиони австралиски долари, а сегашните сопственици велат дека станува збор за „безбедно пристаниште“, ако зборуваме за пандемија.


Напишете коментар