Осум мигранти од Далечниот исток се откриени во петокот во автомобил кој излетал од коловозот кај Неготино, а возачот ги напуштил, информираше во саботата Министерството за надворешни работи.

На 28.08.2020 во 16,10 часот на регионалниот пат  Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот се дал во бегство.

Во возилото пронајдени биле осум мигранти (седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни). Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Напишете коментар