Сподели

Осуммина затвореници осудени на смрт, починале од последиците од вирусот корона во најстариот калифорниски затвор Сен Квентин, во кој биле заразени дури две третини од затворениците, пишува британскиот Дејли Мејл.


Од почетокот на пандемијата, во затворот се регистрирани 14 смртни случаи поврзани со вирусот корона, пренесува британскиот портал.
717 луѓе чекаат на смртна казна во овој затвор.

За потсетување, на почетокот на месецот осуденикот кој чекаше 30 години за извршување на смртната казна беше пронајден мртов во ќелија. По тестот, откриено е дека тој е заразен со вирусот корона.


Сподели