Претседателот на Косово, Хашим Тачи, потврди дека контингентот од 42 американски воени возила „Хамви“ е веќе составен дел на Косовските безбедносни сили и најави регрутирање на нови војници.

Како што напиша Тачи на Фејсбук, по информативната средба што ја оствари со командантот на безбедносните сили, генерал-полковник Рахман Рама, регрутирањето нови војници ќе започне наскоро.

Пред две години беше потпишан договор меѓу американската компанија „АМ генерал“ и владата во Приштина за опремување на косовските безбедносни сили со 51 возила од типот „Хамви“.

Во декември 2018 година, косовското собрание усвои законски измени за промена на мандатот на косовските безбедносни сили.

Според овие измени, на овие сили ќе им треба период од 10 години за да се претворат во армија.


Напишете коментар