Скоро 90.000 жртви на сексуално злоставување, во американската оргснизација на извидници, поднесоа барање за отштета.

Адвокатот на жртвите Мајкл Фау рече дека пристигнале 88.000 барања, но бидејќи можноста за поднесување е сеуште отворена, тој ги очекува да има најмалку 100.000 барање објави АФП.

Зачудени сме од тоа колку луѓе биле злоупотребени во извидниците, но и од храброста на оние кои се подготвени јавно да излезат и да разговараат за тоа.

„Нашите срца се скршени затоа што не можеме да ја поништиме нивната болка“, се вели во соопштението на Американската организација за извидници.

Тие додадоа дека намерно го направиле процесот на компензација лесно достапен, за да им помогнат на жртвите да добијат надомест.

„Одговорот на жртвите што следеше беше многу вознемирувачки. Длабоко се извинуваме “, се вели во соопштението на организацијата.

Извидници на Америка постои 110 години и во моментов има 2,2 милиони членови на возраст од 5 до 21 година.

Организацијата, по бројните обвинувања за сексуално злоставување, поднесе барање за стечај со цел да избегне директно наплата на штета и истовремено да овозможи нејзина исплата од фондот за компензација. Вредноста на оваа организација во моментов се проценува на една милијарда долари, но не е познато колку се подготвени да одвојат во фондот за компензација.

За педофилија и сексуална злоупотреба во организацијата на извидници се зборуваше со години, а беа објавени бројни докази за вакви случаи во кои беа обвинети лидери на извидниците.

Повеќето инциденти никогаш не биле пријавувани кај властите, бидејќи извидниците самите ги решиле ваквите ситуации внатрешно, со поместување и протерување на обвинетите од нивните редови.

Сепак, обемот на сексуална злоупотреба, судејќи според бројот на барања за отштета, е зачудувачки. За споредба, против Католичката црква во Америка се поднесени 11.000 побарувања за отштета или тужби, а таа е една од најчесто тужените организации кога станува збор за педофилија.