Официјалните извештаи наведуваат дека нивната компанија има еден вработен, но исто така и дека тие остваруваат добар приход.

Lepa Brena i Boba Živojinović

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ водат успешен деловен бизнис за чистење фасади, покриви, патеки, но и патишта како и отстранување на графити од зидови . Со тој бизнис се бават веќе седум години.

Иако медиумите неодамна пишуваа, дека помладиот син на пејачката и нејзиниот сопруг, започнал нов бизнис, вистината е нешто поразлична. Откако го отвори сплавот оваа пролет, нивниот син Виктор, започна да рекламира компанија за миење фасади, покриви, прозорци и панели на својот Инстаграм.

На веб-страницата за деловни регистри се наведува дека основачи и директори на компанијата се Фахрета и Слободан Живојиновиќ, како и дека тие го започнале бизнисот во 2013 година. Тие се регистрирани како друштво со ограничена одговорност (Д.o.o.), а седиштето се наоѓа во Нов Белград.

Официјалните извештаи наведуваат дека нивната компанија има еден вработен, но исто така и дека тие остваруваат добар приход. Така, во 2017 година тие заработија вкупно 7.705.000 динари, додека следната година заработија 4.850.000 динари. Минатата година беше најплодна за нив, па собраа дури 12.337.000 динари.

Brena i Boba, biznis