Изненадувањето кое може да биде сервирано на состанокот во Белата куќа, за што зборуваше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, подразбира и предвидува дека на Белград ќе му биде понудено да го признае Косово, а, за возврат, да добие економски стимулации и забрзан пат кон ЕУ, пишува дневниот лист Блиц.

Изворот на Блиц додава дека таквата понуда нема да биде прифатена.

Средбата меѓу претставниците на Белград и Приштина во Белата куќа ќе се одржи на 4 септември, а доколку се одвива според очекувањата на домаќините, на него би можел да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според претходните најави, ќе се разговара за економски теми, но претседателот Вучиќ рече дека очекува изненадување, кое, како што може да се заклучи, може да се однесува на политички теми.

Од друга страна, Вучиќ откри дека ја видел агендата за состанокот во Вашингтон, дека само една точка е проблематична, но дека неговото искуство му кажува дека нема да се застане само на тоа.

Претседателот на Србија додаде дека ако содржината на американското барање до Србија за прашањето на Косово и Метохија во Вашингтон на 4 септември е такво како што тој претпоставува, тогаш нема да има средба со претседателот Доналд Трамп.

Една од опциите подразбира на Србија да и се понуди да го признае Косово, и за возврат да добие значителни економски инвестиции, но и забрзан пат кон ЕУ. Но, Белград не се согласува со тоа, да даде сè, и практично, да не добие ништо за возврат, категоричниот е изворот на Блиц.


Напишете коментар