Експертите во Индија се обидуваат да ја откријат причината за мистериозната болест, која досега зафати повеќе од 500 луѓе во рурален дел од земјата, а досега се идентификувани две потенцијални траги: тешки метали како никел и олово или пестициди.

Околу 555 жители на Елуру, град со 200.000 жители, во државата Андра Прадеш во јужна Индија, се заразиле со досега непозната болест.

Застрашувачката болест, која предизвикува колапс, првпат се појави во саботата. Многу пациенти се пријавиле во службите за итни случаи со повреди здобиени за време на падот.

„Некои луѓе велат дека тоа е масовна хистерија, но не е така“, вели А.С. Рам, лекар во државната болница во градот Елуру.

„Повеќето пациенти доаѓаат со полесни повреди на главата или повреди во главата затоа што падот се случува моментално “, додаде тој.

45-годишниот пациент, засега, е единствениот потврден случај на смрт кога станува збор за оваа мистериозна болест. Имал неколку напади слични на епилепсијата, како и гадење и хронична болка. Аутопсијата не покажа убедливи докази за причината за смртта. Оваа болест ги погодува и возрасните и децата.