Полицијата во италијанскиот град Новара откри, благодарение на сведочењето на една девојка, постоењето психо-секта, која работи во цела Италија повеќе од 30 години.
На чело на сектата, чии жртви претежно биле млади жени и девојки, е 77-годишен маж, кого го нарекуваат „Доктор“, и кого го третираа и кон него се однесуваат како кон божество.


Членовите на сектата биле подложени на сексуално насилство за да можат, како што ги убедувал водачот, „да го запалат внатрешниот пламен“, и да му бидат целосно потчинети. Тој успеал да изолира некои од девојките од нивните семејства или целите семејдтва да ги вовлече во работењето на сектата.


Девојки и млади жени беа избрани од добростоечки семејства, а сектата се занимаваше и со „перење пари“, а лидерот одлучиваше за членовите со кои би можеле да се дружат, што да прават и тој избраше со која жртва да се забавува.
Полицијата открила дека лидерот има 26 соработници, сите под истрага, а во привлекувањето на членовите учествувале и професионалци како што се некои прихотерапевти, сопственици на две балетски училишта, сопственици на занаетчиски дуќани и други.
Според полицијата, дури и девојките на високо културно ниво преземале ризици и биле влечени во секта, доколку лидерот ги оценувал како цели.
Никој не можеше да биде сигурен дека нема да се вклучи во сектата- сведочеше една од девојките, а деталите ги објави полицијата на вонредна прес-конференција.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *