Албанците веќе една година соработуваат со американската администрација за да го избегнат судењето на членовите на ОВК пред меѓународниот суд, објави претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ.

Aleksandar Vučić, Donald Tramp

Дачиќ рече дека Албанците побарале од американскиот претседател Доналд Трамп една од точките во договорот, кој беше потпишан во Вашингтон, да биде заедничка обврска за укинување на меѓународните судови.

„Албанците побараа од Трамп ова да биде дел од договорот од Вашингтон. Во рамките на подготовките за состаноците, Ричард Гренел истакнал дека една точка треба да биде сите да работиме заедно за укинување на меѓународните трибунали за воени злосторства.Велеше дека тоа треба да се заборави за да се продолжи напред. Секако, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одби “, рече Дачиќ за Пинк.

Како што наведе, Албанците веќе една година работат со американската администрација за тоа како да се избегне оваа ситуација со судењата на припадниците на ОВК, што очигледно не можеше да се избегне.