Повеќе од 34 милиони луѓе се заразени со вирусот корона ширум светот. Веќе десет месеци се бориме против оваа чума, а научниците доаѓаат до некое ново сознание секој ден.

Така, на почетокот сувата кашлица и треска беа препознаени како симптоми на корона вирусот, како и пневмонијата, а подоцна беа откриени и други симптоми – губење на чувството за вкус и мирис, исфрлање на телото итн.

Научниците сега дојдоа до нови откритија, што може да биде корисно за рано откривање на овој вирус.

Експертите од Кралскиот колеџ утврдија дека главоболките и заморот многу често се појавуваат како рани симптоми на ковид.

“Нашите податоци покажуваат дека најчестите рани симптоми на коронавирус се главоболка (82 проценти) и замор (72 проценти), во сите возрасни групи. Само девет проценти од заразените на возраст меѓу 18 и 65 години не ги пријавиле овие симптоми”, велат тие.

Сепак, тие предупредуваат дека ако некое лице ги има само овие два симптома „не мора да значи дека станува збор за вирус на корона“.

Треска, постојана и сува кашлица, како и губење на чувството за мирис и вкус сè уште се сметаат за „најсигурни“ знаци на ковид-19.